– Турското Министерство за одбрана соопшти дека со Русија бил постигнат договор за прекин на огнот во регионот Идлиб, на североистокот од Сирија, што ќе стапи во сила од полноќ на 12 јануари.
Британските медиуми пренесуваат дека во последните неколку недели стотици илјади цивили избегале од насилството во провинцијата Идлиб кон турската граница, по повтореното бомбардирање од страна на руските и сириските владини сили.
Турското Министерство за одбрана соопшти дека нападите од воздух и од копно ќе бидат запрени како резултат на прекинот на огнот што има за цел да се спречи новиот бран бегалци и новите жртви.