Македонската ракометна репрезентација во новиот европски предизвик влегува како фаворит во групата Б од 14. ЕП. Македонија ќе го игра својот вкупно шести настап на континенталните собири, а петти во континуитет почнувајќи од 2012 година кого во Србија го забележа досега најдобриот пласман завршувајќи на петтот место.
На ЕП-2020 кое за првпат се игра во три земји – Австрија, Шведска и Норвешка и со 24 репрезентации на завршниот турнир, македонската репрезентација ќе настапи со комбиниран состав кој е спој на искусни и помлади ракометари. За ривали во групата Б, која ќе се игра во Виена ги има селекциите на домаќинот Австрија, Украина и Чешка. Против овие противници македонската селекција ја има фаворитската улога на хартија, а тоа ќе треба да го докаже и на паркетот во салата „Винер Штадхале“, каде се очекува да имаат поддршка од неколкуилјади свои навивачи кои ќе пристигнат за вечерашниот прв меч со Украина (20.30 часот) од земјава, но и од околлните европски држави.
Првиот противник е Украина, која по десетгодишна апстиненција се враќа на завршницата од ЕП и тоа токму во Австрија каде настапи во 2010 година и се пласира на на шеснаесеттото место. На оваа проширена завршница од ЕП-2020, Украина стасува како најдобра третопалсирана селекција од квалифиакциите. Затоа е сместена и меѓу аутсајдерите, а аналитичарите и предвидуваат да завршни на последното место во групата Б.
Главни играчи на Украина се Владислав Остроушко од редовите на македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер и Станислав Жуков од Мотор Запорожје.
Македонија и Украина имаат меѓусебе играно само во квалификациите за ЕП-2018. На натпреаврот одигран во 2016 во Скопје победи Македонија (27-21), а на реваншот во 2017 година резултатот беше нерешен (27-27) и со овој бод „црвено-жолтите“ го верификуваа настапот на завршницата од ЕП-2018 во Хрватска.
Во овој квалифиакциски двомеч главниот збор го имаше македонскиот „бомбардер“ Кирил Лазаров, кој на двата натпревари постигна вкупно 18 голови, дванаесет пред домашните гледачи и шест на гостувањето. Лазаров иако е на возраст од 40 години (роден 10 мај 1980 г.) сеуште е на располагање на македонската репрезентација. Годините си го прават своето, па искусниот и возрасен капитен на последните два подготвителни натпреаври одиграни во Словенија не влезе во игра ниту една минута. Селекторот Данило Брестовац го штеди и ќе ги користи неговите услуги вечерва против Украина ако зашкрипи.