Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со највисоки воени и државни почести претпладнево беше пречекана во Загреб.
Како што јави дописникот на МИА од Загреб, Фон дер Лајен прво ќе оствари средба со својот домаќин, премиерот Андреј Пленковиќ, по што на пладне е закажана прес-конференција.
Првиот човек на ЕК доаѓа пратично на вториот ден од хрватското претседателство со Европската унија.
Инаку, Министерството за внатрешни работи на Хрватска упати повик до граѓаните да имаат трпение поради сообраќајниот метеж предизвикан од пристигнувањето на високите гости. Загреб останува под највисоки безбедносни мери со цел да се гарантира сигурноста на европските челници.