Фон дер Лајен: Не треба да ги менуваме условите за С. Македонија и Албанија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска при посетата на Загреб изјави дека Албанија и Северна Македонија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите и дека ЕУ не треба да ги менува истите, туку само да ја подобри методологијата за пристапните преговори.

„Тие ги исполниија критериумите што ние ги баравме и сега не треба да ги менуваме условите“, кажа Фон дер Лaјен на прес-конференција.

Но, таа додаде дека до самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Загреб во мај, методологијата за преговорите треба да се подобри, како што побара Франција.

„Мора да предложиме нова методологија пред самитот и да најдеме начин да го одржиме отворен процесот за Албанија и Северна Македонија за да може да започнат преговори“, истакна претседателката на ЕК.

 

Треба да знаете
Последни објави