Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е дел од новото издание на „30 прашања со” што го објави денеска нејзината матична партија СДСМ.
– Убаво е чувството да се биде министерка во Министерството за одбрана, после толку министри една министерка ги внесува во НАТО, секој ден мора да се носат одлуки, тоа што ќе го сработиш никој не може да ти го одземе, се дел од одговорите на министерката Шекеринска.
Таа вели дека ако не била политичар, ќе била учителка, а дел од прашањата на кои одговара се кој филм последно те расплака, без што не можеш да живееш и како започнува омилената приказна на твојата ќерка.
Претходно дел од „30 прашања со” беа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и техничкиот премиер Оливер Спасовски.
https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1457039154462521/?__xts__%5B0%5D=68.ARBJUzUzq4iwCdsVB2dLFZP_qja8IJccmgI7r3AyJ9AbrucjBu1bEnZm3Nl_U7i9X9iHlEYyqI48VlBXiqKmamkf5Ze7fouY3ohL82DyUawb3KlQA6jdgyxbE4VjLxIIoorjIbkbnXocuytwap1m71hMK_SnOHEHDUtsI_Vz6F7QZljOsNxZ6OwVDFqhll6j9cb3JDoDksRaHj5bU4b002hDeOB5Vdsw5Ta-erlDI_vnLPioPMs08mTo8HcDMKP2gzi5nYXwhnrLv2gw42ymCXgP9-yL5m6rg0hywY5uMx25gAI8d7BuMO2Xa4W3m03k6Ze3D20GuwPhceyItOxxFQN1fnOtnt33BIHXXHlhU9gKKiZiO7IXl-q1PN8&__tn__=-R