Шпанската пратеничка Аранча Гозналес Лаја ќе биде именувана за нов шеф на шпанската дипломатија во владата на Педро Санчез, соопшти денеска новата шпанска владеачка коалиција.
Гонзалес Лаја има искуство со меѓунардините односи, економијата и трговијата, а во моментов е помошник на генералниот секретар на ОН и извршен директор на Меѓународниот трговски центар, пренесуваат американските медиуми.
Санчез во вторникот беше именуван за премиер пред шпанскиот Парламент, а се очекува членовите на неговиот кабинет свечена заклетва да положат на почетокот на следната недела.
Новата шпанска Влада ќе има четворица заменици премиери, меѓу кои е и Наѓа Калвино, која ќе биде задолжена за економијата.