Затоа Оливер Спасовски пред заминување го именуваше за началник Драган Симоновски, лице кое беше гонето за тежок криминал. На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ не им пречесе што Симоновски беше и во притвор затоа сто беше осомничен дека изнудувал пари со злоупотреба на класифицирани информации од ПИ мерки кои не смеел да ги има.
На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ не им пречеше Одделот за организиран криминал да му го препуштат на неспособниот Лазе Велковски чиј врвен дострел во полициската кариера бесе да ангажира возач и да злоупотребува службено возило за да ги развозува сопствената ќерка и нејзините другарки по грќките кампови.
На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат корумпирани кадри кои ќе менуваат пријави и записници како во случајот со насилството на Курто Дудуш.
На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат корумпирани кадри кои ке седат по маси со криминалци или ќе соработуваат со нарко-бандите низ Македонија.
На Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и СДСМ им требаат луѓе како Примислав Димовски за кого медиумите пишуваа дека по телефон ослободувал криминалци на кои актуелната власт им должела.
Спасовски, Петровска и СДСМ се плашат од чесни, професионалци кои нема да прават компромис со правдата и законите.
Времето на коалицијата на полицијата со криминалот завршува на 12 април. Јасна е паниката во СДСМ. Стравот на Заев и Спасовски е оправдан. После 12 април секој ке одговара за стореното и секој ке биде еднаков пред законот.