– Најмалку четири лица се убиени и уште четири се повредени во пукање во училиште во Мексико.
Според првичните информации пукало дете на возраст од 8 до 12 години кое го донело оружјето во училиште.
Полицијата се уште нема официјална потврда за бројката на убиени и повредени во инцидентот.
Според некои медиуми, детето што пукало, извршило самоубиство.