– Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино беше избран за член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), но со најнизок резултат од трите нови членови.
Инфантино доби гласање од 63 на 13 гласа на седницата на МОК во Лозана, три години откако беше избран за претседател на ФИФА. Светската фудбалска централа не е претставена во МОК од 2015 година, кога тогашниот претседател Сеп Блатер поднесе оставка.
Шефот на Меѓународната тениска федерација, Дејвид Хагерти доби резултат од 70 на 4 гласови, а првиот човек на Јапонскиот олимписки комитет – Јасухиро Јамашита доби 74 на 1 глас.
Инфантино и Хагерти се приклучија како шефови на конкретните федерации, а Јамашита како шеф на Националниот олимписки комитет.
МОК во својот комитет за етика ја избра и кениската адвокатка Амима Мохамед.