Иранското цивилно воздухопловство упати барање до американската агенција за безбедност во сообраќајот НТСБ, да се вклучи во истрагата за падот на украинскиот авион во Иран.
„НТСБ продолжува да ја следи ситуацијата околу падот на авионот, како и степенот на учеството во истрагата. Како и во секоја истрага во која е вмешан НТСБ, агенцијата нема да претпоставува и погодува за причините на падот“ се наведува во соопштениео и се додава дека истрагата ја водат иранските власти.
Снимките на шпионски сателит укажуваат на тоа дека украинскиот авион, кој се урна набрзо по полетувањето во Иран, го соборила иранска ракета, убивајќи ги сите 176 луѓе во него, објавија американските медиуми.