МЖСВ го демантира Трипуновски ,за овој случај министерството во рамки на своите надлежности има постапено по барањето на земјоделцот

Во врска со прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски и земјоделецот Екрем Јаји од скопско Брњарци, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира, дека за овој случај министерството во рамки на своите надлежности има постапено по барањето на земјоделцот.

Целокупната документација е доставена до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од страна на Агенцијата е утврдено дека земјоделецот има пријавено несоодветен број на овошни садници во однос на големината на катастарските парцели. Од овие причини е побарано дополнителен иснпекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство.

Инспекцискиот надзор на парцелите е направен од страна на инспекторот Марјан Атанасов од Државниот инспекторат за земјоделство, а сега анагажиран во кабинетот на дополнителниот заменик-министер Трипуновски. Меѓудруого,  токму од страна на Атанасов,  е констатирано дека странката има и узурпирано државно пасиште кое граничи со катстарските парцели за коишто бара исплата на обештетување, а  на кое има посадено соодветен број на овошни садници. За ова на странката и е извршена постапка за едукација за сторен прекршок. Записникот од извршениот инспекциски надзор е пратен до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа е една од причините заради коишто сеуште не е извршена исплата на обештетување на странката, а за што се води и судски спор.  МЗШВ апелира да не се манипулира со земјоделците и да не се користат за партиско-политички цели. МЗШВ и лично министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, секогаш  стојат на располагање и се отворени за комуникација со земјоделците и за решавање на секој поединече Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој н проблем.

 

Треба да знаете
Последни објави