Актерката Мила Јовович (44) го очекува своето второ дете, а на православниот Божик, 7 јануари, беше снимена како шета во Беверли Хилс во поодмината бременост.
Мила изгледа одлично и покрај тоа што има минимална шминка на лицето, а стомакот ѝ е прилично голем, што ѝ го отежнува одењето. Покрај тоа, на фотографијата се гледа дека нозете ѝ се отечени и дека рамните чевли на врзување се најдобриот избор при крајот на бременоста.
Ѕвездата на филмот „Петтиoт елемент“ очекува девојче и треба да се породи во февруари, а друшто на прошетката ѝ правеа 12-годишната ќерка Евер и сопругот Пол В. С. Андерсон.