МКЦ новата година ќе ја започне со осмиот Роденден на уметноста

Младинскиот културен центар и оваа година сезоната ќе ја отвори со славење на Роденденот на уметноста, со настан на 18 јануари (сабота), со почеток од 18 часот.

Ова е 8-ми пат како во МКЦ се одржува овој настан, за кој програмата може да се види во рамки на најавата на „Фејсбук“.

Влезот е слободен, а од МКЦ ветуваат дека и во новата 2020 година ќе понудат одлична програма за своите посетители.

Треба да знаете
Последни објави