Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во
Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја
почувствуваа, денес, нивните родители. Тоа е огромна човечка
трагедија чија загуба е ненадмостлива и која не може да се изрази со
зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во
моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадомслива, но
нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед.
За таа цел, како Министерство за труд и социјална политика им е
понудено сместување и еднократна парична помош .