Мурињо: Пред три месеци реков дека Ливерпул ќе биде шампион

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо се шегува дека веројатно само две лица веруваат дека Спарси можат да го совладаат лидерот на Ливерпул во утрешното дерби меѓу двете екипи.

Лондонскиот тим ги пречекуваат играчите од Мерсисајд на својот нов стадион, а доколку бидат успешни, „црвените” ќе постигнат рекорд за најдобар почеток на сезоната во историјата на најдобрите пет Европски првенства.

– Кога работев на Скај, реков дека Ливерпул ќе биде шампион. Тоа беше пред три месеци. Ситуацијата не ми е изненадувачка – тие се најдобриот тим во Премиер лигата. Ова е голем предизвик и ние би сакале да играме против нив со најдоброто што го имаме, но тоа нема да бидеслучај. Знаеме колку се добри. Во оваа просторија има само две лица кои веруваат дека можеме да победиме (Мурињо го гушка пресаташето на Тотенхем). Доколку не верувате можете да излезете (се смее), изјави Мурињо.

Тој додаде дека ако зборува многу за Хари Кејн и неговата повреда, ќе се депримира.

– И вие ќе кажете дека сум несреќен и сум во лошо расположение. Се разбира, веста е лоша, но има и добри. Пред крајот на месецот, ќе имаме два нови играчи по враќањето на Уго Лорис и Бен Дејвис. Лорис никогаш не играше под моја насока, а Бен одигра само еден натпревар, но тој се справи многу, многу добро. Значи, тоа е добра вест, рече Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави