Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во ноември 2019 година, се пониски за 0,7 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 3,7 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,9 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,8 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,0 отсто.
Во однос на ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,1 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4,3 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, пак, во ноември 2019 година се пониски за 1,1 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 5,2 проценти на годишно ниво.
Во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1,3 отсто.
Во однос на ноември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 3,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 6,0 отсто.