Неговата сопруга загина во авионска несреќа во Иран, а тој ја преживеа трагедијата под чуден сплет на околности

Меѓу патниците кои трагично загинаа во несреќата на украинскиот авион што се урна во вторникот набргу по полетувањето од Техеран требало да биде и канадскиот државјанин Мохсен Ахмадипур, но тој останал заробен на аеродромот поради чудни околности.

Мохсен и неговата сопруга Роја требало заедно да се качат во авионот, но на Мохсен тоа не му било дозволено затоа што имал неисправен билет.

Канадската двојка дошла во Иран во семејна посета. Планот бил да се вратат заедно во Отава, но во кобното утро Мохсен бил спречен да се качи во авионот бидејќи неговиот билет, наводно, не бил валиден.

При предавање на багажот и чекирање, се покажало дека Роја има важечки билет, а дека Мохсен случајно го откажал својот.

На крајот, тој и неговата сопруга се договориле дека таа да се качи во авионот, а тој ќе се врати дома со првиот следен лет.

Тој чекал на аеродромот неговата сопруга да се качи во авионот, а само неколку минути подоцна ја изгубил засекогаш.

Треба да знаете
Последни објави