Не смее да се дозволи Либија да се претвори во втора Сирија, смета Маас

Либија може да се претвори во втора Сирија, ако во најможен кус рок не се најде политичко решение на конфликтот во земјата, изјави германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас.

Пред почетокот на вонредната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, тој рече дека Либија ќе биде меѓу темите за кои ќе се разговара, а нејзино претворање во втора Сирија не треба да се дозволи.

– Поради таа причина го почнавме Берлинскиот процес, во чии рамки поддржуваме дијалог, на прво место со оние земји, кои имаат влијание во Либија и ја поддржуваат едната или другата страна во конфликтот. Повикуваме на примирје и ембарго врз увозот на оружје, изјави Маас.

Треба да знаете
Последни објави