ОН предупреди дека етничкото насилство во Конго би можело да биде злосторство против човештвото

– Убиствата и силувањата во етничките судири во покраината Итура во источно Конго би можеле да бидат злосторства против човештвото, предупреди денеска УНХЦР.

Најмалку 701 лице се убиени, а 168 се повредени во судирите меѓу заедниците Хема и Ленду од декември 2017 до септември 20129 година. Покрај тоа, 42 лица биле силувани, повеќето од заедницата Хемa.

УНХЦР предупреди дека тоа би  можеле да бидат злосторства против човештвото.

Поради судирите во регионот раселени се повеќе од 600.000 луѓе, а армијата и полицијата на успеваат да го запрат насилството, истакна Организацијата.

ОН го повика Конго да ги реши причините за насилството.

Источен Конго го тресат повеќе кризи, вклучувајќи ги активните бунтовнички групи и еболата која усмрти повеќе од 2.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави