– Претседавачот со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска најави дека следната недела ќе ги дополни законските одредби со кои и формално ќе почне судењето за отповикот на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот.
Претставничкиот дом на 18 февруари усвои две одредби за импичментот против американскиот претседател, за злоупотреба на моќта и за попречување на Конгресот.
„Од претседателот на Правосудната комисија Џери Недлер побарав да биде подготвен следната недела до Горниот дом на Конгресот да ја проследи резолуцијата за отповик со која одредбите за импичментот ќе се префрлат на Сенатот”, наведе пелсои во соопштение.
Демократите сакаат во Сенатот да сведочат актуелните и поранешните соработници на претседателот кои одбиваа да соработуваат во истрагата за отповикот.
Белата куќа сака брзо да заврши процесот во Сенатот, во кој се очекува претседателот да биде ослободен од обвиненијата.