Американскиот државен секретар Мајк Помпео призна дека специјалните служби немале точни информации за наводните „планови“ на иранскиот генерал Касем Солејманија да ги нападне САД, пренесува „Спутник“.
Истовремено, тој посочи дека не постои никаков сомнеж дека такви планови во суштина постоеле.
„Нема сомнеж дека постоела цела серија планирани напади. Ние не знаевм еточно кога и каде, но тоа беше реалноста“, рече Помпео во интервју за „Фокс њуз“.
Командантот на елитната иранска единица „Кудс“ на ИРГЦ, генерал Касем Солејмани, загина во нападот на аеродромот во Багдад. Иранскиот генералбеше убиен во напад на американски хеликоптери, а покрај него загинаа уште пет припадници на шиитското движење Хашид ел Шаби.