Тренерот на Милан е цврсто против разделбата со Пјатек

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли не сака да остане без неговиот напаѓач Кшиштоф Пјатек. Според „Сан”, полскиот напаѓач ќе се пресели во Тотенхем, договорот е сигурен и ќе биде факт за денови. Сепак, тренерот на Италијанците не е задоволен од ваквиот развој на настаните.

– Пјатек? Јас би бил многу среќен ако можевме да го превртиме часовникот до 31 јануари, кога ќе се затвори пазарот. Пјатек е во групата за утрешниот натпревар и е достапен, рече Пиоли.

Во сабота Каљари и Милан ќе го отворат 19-то коло од Серија „А” со дуел од 15 часот.

Треба да знаете
Последни објави