Францускиот премиер Едуард Филип вечерва изјави дека на синдикатите ќе им испрати пишани предлози за владиниот план за пензиска реформа и додаде дека се надева дека до компромис сепак ќе дојде и дека ќе дојде до прекин на штрајковите што траат повеќе од 1,5 месец.
-Вечерва имавме напредок во врска со компромисот што би сакале да го постигнеме, но имаме уште работа, рече Филип по средбата со синдикатите, пренесоа британските медиуми.
Тој додаде дека пред да ги испрати предлозите до синдикатите ќе се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Францускиот синдикат ЦГТ соопшти дека протестите продолжуваат од 16 јануари.