Хрватската Влада и Европската комисија одржуваат заеднички состанок во Загреб.
Како што јави дописникот на МИА од Загреб, теми на состанокот се актуелните состојби во Унијата, Брегзит, европските „зелени проекти” и Шенген.
На состанокот претходеше тет-а-тет средба меѓу претедателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
За пладне е најавена заедничка прес-конференција на Фон дер Лајен и Пленковиќ.
Инаку, утрово претседателката на Европската комисија беше пречекана во Загреб со највисоки почести од страна на нејзиниот домаќин премиерот Пленковиќ.