„Њујорк тајмс” објави видео-снимка на која наводно се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион во близина на аеродромот во Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.
Американскиот весник тврди дека видео-снимката е автентична.
На снимката се гледа како авионот е погоден ракета над Паранда, град во близина на аеродромот, но леталото не експлодира веднаш. Авионот туку авионот по неколку минути го смени правецот и се упати кон аеродромот, кога и експлодира.
Визуелните и звучните траги на снимката се идентични со информациите за летот и сателитските снимки од подрачјето каде се урна авионот
Премиерот на Канада, Џастин Трудо повикувајќи се на разузнавачки информации вчера изјави дека украинскиот авион бил соборен од иранска ракета.
https://twitter.com/howroute/status/1215353419705221120