Сенаторот Берни Сандерс го нарече претседателот Доналд Трамп „патолошки лажго” и рече дека не слушнал ништо за разузнавачките податоци за кои зборувал Трамп, а се однесуваат на тоа дека иранскиот генерал планирал напади.
– Тешкотиите со кои се соочуваме, без да сакам да бидам груб, е што имаме претседател кој е патолошки лажго, изјави рече Сандерс за Би-Би-Си. Тој е водечки кандидат на демократите за претседател во 2020 година.
– Мислам дека она што се случува во нашата земја и низ целиот свет е дека луѓето не веруваат многу во она што го кажува Трамп. И затоа што тој постојано лаже, може некогаш да ја каже вистината и луѓето да не му поверуваат, додаде тој.
Трамп во четвртокот рече дека Сулејмани планирал напади врз повеќе амбасади. Претходно истиот ден, тој рече дека Сулејмани планирал да ја разнесе американската амбасада во Багдад.