Две лица загинаа кога хеликоптерот во кој биле се урнал во дворот на една куќа во Пенсилванија, соопштија денеска официјалните лица.
Несреќата се случила во областа Камберленд синоќа, изјави локалниот претставник Џон Броч за „Си-ен-ен“.
Тој рече дека повеќе граѓани пријавиле дека хеликоптерот се урнал околу 8,30 часот.
Хеликоптерот се урнал во заградениот двор на една куќа која притоа не е оштетена.
Мало количество гориво се излеало од леталото, но не избувнал пожар.
Причината за падот на хеликоптерот засега не е позната.