Истрели во близина на американска воена база, војниците добиле наредба да останат во собите

Амерериканската воена база Мекдил на Флорида, беше блокирана откако е објавено дека во нејзина близина се слушнале истрели и дека се трага по вооружен напаѓач, пренесе „Фокс 13“.

На „Твитер“ беа објави и пораки кои ги добиле војниците во базата, а во кои им се наведува тие останат во своите соби и да ги заклучат вратите.

Веста била потврдена и за Си-ен-ен од страна на портпаролот на базата.

Сепак, наскоро базата била деблокирана и беше објавено дека нема поголема опасност. Други детали за наводниот напаѓач до овој момент не се познати.

Треба да знаете
Последни објави