Владата во оставка на Косово одлучи денеска да издвои 250 илјади евра за поддршка на Глобалната коалиција за борба против терористичката Исламска држава (ИД), јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што изјави вршителот на должноста премиер Рамуш Харадинај, средствата се издвоени од буџетската категорија „непредвидени трошоци”.
– Косово е спремно да ја поддржи оваа коалиција од воен, разузнавачки и други аспекти. Не е само финансискиот аспект тој во кој може Косово да помогне, изјави Харадинај.
Според него, Косово повеќе потрошило средства на коалицијата, отколку што ѝ доделило, особено за враќањето на нејзините граѓани од кризните жаришта во Сирија.
– Враќањето и превозот на сите тие луѓе не е направено целосно со средства од буџетот на Косово, изјави Харадинај на денешната седница на Владата.