Кралицата Елизабета бара изводливо решение по заминувањето на Хари и Меган

Војвотката од Сасекс, сопругата на принцот Хари, Меган Маркл веќе отпатува за Канада а во монархијата сè уште трае дискусијата за улогите што таа и Хари ќе ги имаат во кралското семејство. Ова следи по вестите дека кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс и принцот Вилијам бараат решение за ситуацијата што настана по ненадејната одлука на Хари и Меган да се повлечат од „високите“ кралски должности.

Кралското семејство наводно е „повредено“ од таквата одлука.

Извори од кралската палата изјавија за Би-Би-Си дека принцот Хари и Меган Маркл не консултирале никого пред да го објават соопштението дека се повлекуваат од кралските должности.

Во тоа соопштение, објавено во средата, Хари и Меган наведуваат дека се повлекуваат од позицијата „високи“ кралски должности и дека ќе станат финансиски независни.

Тие планираат да поминат доста време на релација Велика Британија-Северна Америка, но ќе продолжат да ги почитуваат должнотите кон кралицата, Комонвелтот и сите под нивно покровителство.

Дописник на британски Би-Би-Си за кралската фамилија, Николас Вичел, вели дека кралицата е во контакт со принцот од Велс (Чарлс) и војводата од Кембриџ (Вилијам). Тие побарале од своите тимови  да одржат средби со Сасексови и со претставници на владата за да се изнајде решение.

„Ја разбираме нивната желба за поинаков пристап, но сепак ова се комплицирани прашања и потрбно е време за решение,“ соопшти Бакингемската палата во средата.

И покрај одлуката, Хари останува шести во линијата за наследство на британскиот трон.

Треба да знаете
Последни објави