Ласовска: Лажна вест е дека министерката Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари

Интегрален текст од изјава за медиуми на Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Лажна вест и ширење на лажни вести е дека техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари. Власта е во паника, на Бихаќка се свесни дека на 12 април граѓаните ќе ги поразат нивните погубни политики кои за овие три години на државата и нанесоа несразмерна штета.

Со очајнички обиди и лажни вести Костадинов се обидува да ја продолжи политичката кариера на неговиот ментор, Зоран Заев кој ја уназади Република Македонија.

Во СДСМ се повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат, исплашени се од откривање на нивните криминали и негрижата за граѓаните, негрижата за сите оние кои ги заборавија изминатите три години.

Нема да спречат ниту еден од техничките министри и дополнителните заменици министри да си ја вршат својата работа, да ги истражат сите нерегуларности и криминали на власта на СДСМ. Нема да ги спречат да работат чесно и достоинствено во служба на граѓаните.

Казната за криминалот и корупцијата, за поразите кои и ги нанесоа на државата пристигнува набрзо, граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и неговата криминално-рекетарска банда. Македонските граѓани ќе ја изберат обновата на Македонија.“

Треба да знаете
Последни објави