Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20.30 ч.) го започнува своето шестто учество на завршниците од европските првенства. Прв противник на македонските ракометари ќе им биде Украина на 14. Ефвропско првенство, кое за првпат се одржува во три земји, Австрија, Шведска и Норевешка и се игра со 24 репрезентации,
Македонската репрезентација е во Б групата укаде уште се наоѓаат селекциите на домаќинот Австрија и на Чешка. Натпреаврите се играат во Виена во салата „Винер Штадхале“. Македонската репрезентација ќе има бројна поддршка од своите навивачи. Според последните информации од Виена сеуште има влезници во слободна продажба за овој дуел.
Против Украина, македонската репрезенација ќе игра за првпат на завршница од едно големо натпреварување, а во минатото двете селекции четири пати се сретнале во квалификациите за пласман на големите натпреварувања.
Македонскиот селекторот Данило Брестовац ги одбра 18 ракометари на кои ќе смета на првенството: Борко Ристовски (Бенфика), Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Лудвигсхафен), Дејан Манаскон (Веспрем),Бојан Маџовски (Еурофарм Пелистер),Филип Талески (Балинген), Филип Кузмановски (Магдебург), Горан Крстевски (Линц), Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Кирил Лазаров (Нант), Мартин Серафимов (Металург), Марио Танкоски (Металург), Марко Мишевски (Гренобл), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт), Мартин Поповски (Пролет 62), Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Битенелд/Штутгарт), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер).
На дуелот со Украина мешу 16-мина кои ќе се најда во протоколот нема да бидат голманот Томовски и бекот Серафимов.
Најдобриот пласман на македонските ракометари на ЕП засега е петтото место на шампионатот кој во 2012 година се одржа во Србија.