Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието.
Христијан Мицкоски не само што не се огради од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ до ден денес ги поддржуваат.
27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во лицето и делото на Христијан Мицковски.
Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.
Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!
27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има.
Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април.