Најпознатиот македонски зурлаџија Џељо Дестановски сними музичко шоу со познати музичари и пејачи, проект во знак на благодарност кон публикатаод која ја добива целата поддршка и инспирација изминативе години.
Музичката екипа составена од Влатко Миладиновски, Мите Стоилков, Ферус и Ферчо Мустафови, Џемал Дестановски, Кристијан Тасевски, Орде Неделковски, Ѓоре Најдовски, Никола Станишиќ, Бурхан Јашари, придружувани со оркестар составен од најдобрите македонски музичари и Џељо Дестановски создадоа проект во кој може да уживаат сите генерации и почитувачи на македонскиот народен мелос.
- Целта со овој музички проект ми беше на нашата публика и на сите кои уживаат со звуците на зурлата им подарам нешто убаво за почетокот на новата година, односно проект со многу песни и ора во кој учествуваат мои пријатели и соработници. Благодарам до „Балкан Мјузик Тв“ каде го снимавме проектот и до „The Studio“ и Горан Мирковски кои придонесоа за квалитетен звук, вели Дестановски.
Минатата 2019 година за Дестановски беше исполнета со многу проекти и новитети за кои вели дека продолжуваат и во новата 2020, како самостојни, така и соработки со многу познати пејачи и музичари.
Во продолжение еве само мал дел од снимениот материјал:
ЛИНК: https://www.youtube.com/watch?v=LwaOks85wBE