РФМ и репрезентативците ги договорија премиите за учинокот на ЕП-2020

Македонската ракометна репрезентација од настапите на Европското првенство, кое го започнуваат вечерва со дуелот против Украина (20.30 ч.) во Виена, во зависност од постигнатите резултати може да добие премија максимум 70.000 евра, која ќе треба да ја поделат членовите на експедицијата. Тоа е сумата која ја договорија челниците на Ракометната федерација на Македонија, претседателот Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски, стручниот штаб и репрезентативците.

Ако репрезентацијата ја мине групата Б каде ќе игра со Украина, Чешка и Австрија и се пласира во главната рунда ќе заработи 30.000 евра. Пласманот во главната рунда ако биде остварен со освојување на првото место во групата ќе им донесе и дополнителна премија од 10.000 евра.

Покрај овие 40.000 евра, ракометарите можат да добијат и премија од дополнителни 30.000 евра ако на крајот изборат пласман во квалификациите за Олимписките игри. Ако ги исполнат сите овие резултаски услови македонските репрезентативци на крајот ќе ја заработат премијата од 70.000 евра.

 

Треба да знаете
Последни објави