САД ќе отварат тихоокеанска оперативна група за спротивставување на Кинa

САД планираат да распоредат специјална оперативна група за регионот на Тихиот и Индиски Океан за да се спротивстават на влијанието на Кина и Русија во регионот, јави „Блумберг”.

Рајан Макарти, американски секретар за армија, за изданието изјави дека оваа специјална единица ќе биде лоцирана на островите источно од Тајван и Филипините и ќе биде снабдена со ракетни системи за прецизни удари на копнени и морски цели, вклучително и суперсонични ракети.

Системот ќе биде безбедносен чадор за пловилата на армијата на САД во регионот во случај на конфликт. Според секретарот, кој денеска во Вашингтон на настан во институтот Брукингс треба да ја претстави оваа оперативна група. Единицата, исто така, ќе води и информациски, електронски и кибер операции против Пекинг.

Според него, таа треба да ги „неутрализира сите инвестиции на Кина и Русија” во регионот. Специјалното одделение е создадено во соработка со американската Национала управа за разузнавање.

Воениот буџет на САД за 2020 година предвидува повеќе средства за разузнавачките служби кои собираат информации со активности во странство и шпионски сателии, најмноги се насочени кон Кина и Русија.

Треба да знаете
Последни објави