Во водите на Црно Море, во близина на Истанбул, утрово се судрија танкер, кој пловел под руско знаме, и турски рибарски чамец.
При судирот рибарскиот чамец потонал, а канцеларијата на истанбулскиот гувернер соопшти дека тројца државјани на Турција се водат како исчезнати, а други тројца се спасени.
Во потрагата за исчезнатите се ангажирани и нуркачи.
Рускиот брод „Глард 2″ пловел од Ростов на Дон до Измир, во западниот дел на Турција.
Поради густа магла времено е затворен Босфорскиот теснец, објави на Твитер канцеларијата на гувернерот на Истанбул.