– Албанскиот министер за обнова, Арбен Ахметај, денеска на заедничка прес конференција со турскиот министер за амбиент и урбанизам, Мурат Курум, изјави дека започнати се работите за изградба на 500 станови, кои беа ветени од турската Влада, после силниот земјотрес што ја погоди Албанија,утрото на 26 ноември минатата година.
-Турција, како што се договоривме, презема обврска за изградба на 500 станови во Лач и Туман. Денеска ги дискутиравме деталите од проектот. Нашата цел, како што спомена и премерот Еди Рама, е до крајот на годината сите кои ги изгубија, да добијат свои домови, рече Ахметај.
Турскиот министерот Курум, рече дека Турција ја смета како братска должност обврската да и помогне на Албанија,дека становите ќе бидат готови до јули и оти помошта ќе продолжи.
-Ставивме на располагање 1.500 шатори за зимаа а ја почнуваме и со изградбата на ветените 500-те станови кои ќе ги прилагодиме на вашиот стил на живот. Сметаме дека во рок од шест месеци ќе го завршиме овој проект и ќе им го предадеме на нашите браќа Албанци. Што се однесува до другите објекти ќе направиме напори да ги исполниме барањата, истакна Курум.
Како што е познато во разорниот земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтер, што ја погоди Албанија, на 26 ноември минатата година и животот го загубија 51 лице, околу илјада беа повредени, додека над четири илјади останаа без покрив над главата.
Турскиот министер Курум оствари средба и со шефот на државата Илир Мета,на која тој се заблагодарил за помошта што Турција ја дава за неговата земја по катастрофалиниот земјотрес.