Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (Велика Британија) објави на Твитер дека ќе донира 500.000 долари за да им помогне на жртвите од шумските пожари во Австралија.
Пилотот на Мерцедес изјави дека е скршен поради штетата што пожарот ја нанесе на луѓето и на животните во земјата.
Големи шумски пожари избувнаа на источниот брег на Австралија во средината на октомври минатата година. Во моментот, огнената стихија опфати значителни територии во југоисточниот дел на континентот во државите Нов Јужен Велс и Викторија.
Пожарите однесоа најмалку 26 жртви, вклучително и тројца пожарникари, уништувајќи повеќе од 10,7 милиони хектари шуми, повеќе од 2.000 домови и повеќе од 3.000 канцелариски и земјоделски објекти.
Локалниот еколог професор Крис Дикман претходно оваа недела објави дека најмалку една милијарда животни починале од пожарите.
It breaks my heart to see the devastation the Australian bushfires are causing to people and animals across the country. I’m pledging $500k to support the animals, wildlife volunteers and rural fire services. If you are able to, and you haven’t already then you can donate too. pic.twitter.com/DXjScK5Oqq
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) January 9, 2020