Техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО ДПМНЕ, Наке Чулев, носи чудни и нелогични одлуки.
Од извори во МВР дознаваме дека освен спорната кадровска политика го оневозможува нормалното функционорање на обезбедувањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски, јавува ЛОКАЛНО
Како што дознаваме, Чулев издал наредба да се одземат неколку возила кои ги користи службеното обезбедување на Спасовски за тие возила да може да ги користи Кабинетот на Чулев во МВР. На овој начин Чулев испраќа порака дека за него на прво место му се возила за неговиот кабинет.