Украинска авиокомпанија: Воопшто не се сомневавме во нашиот екипаж

Претседателот на украинската компанија „Интернешнал ерлајнз” денеска соопшти дека никогаш не верувал оти екипажот на нивниот авион „Боинг 737-800″, кој е соборен над Техеран, предизвикал уривање, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Тој ја даде изјавата откако утрово иранските власти признаа дека патничкиот авион во средата „ненамерно бил соборен” од иранската војска.

– Ниту една секунда не се сомневавме дека нашиот екипаж и авион предизвикале таква страшна авионска несреќа. Тоа беа нашите најдобри луѓе. Најдобри, нагласи претседателот на авиокомпанијата.

Меѓу загинатите во несреќата биле 11 Украинци, вклучувајќи девет членови на екипажот.

Треба да знаете
Последни објави