Хидроелектраните (ХЕ) „Шпилје” и „Глобочица”, кои го сочинуваат хидроенергетскиот слив (ХЕС) „Црн Дрим” минатата година произвеле над 285 милиони киловат часови електрична енергија,што претставува остварување на годишниот план за над 62 отсто.
Тоа како резултат на неповолната хидролошка состојба,но и фактот дека двете хидроелектрани работеле според потребите на енергетскиот систем.
– Во ХЕ„Шпилје” кај Дебар се произведени 172,9 милиони киловат-часови електрична енергија, што е 64,17 отсто остварување на годишинот план. Спордено со претходната година кога беа произведени 366,7 милиони, ланското прозводство е помало за 47,1 отсто, велат од ЕСМ.
Во акумулацијата „Шпилје” има резерва на вода за прозводство на 14 милиони киловат-часови.
Во ХЕ „Глобочица” планираното годишно прозводство изнесувало 182 милона, а оствареното е 112,6 милиони што е 61,8 отсто реализација на планот.
-Споредено со претходната година, ланското прозводство е помало за 49,1 процент. Во акумулацијата има резерва на вода за прозводство на 24 милиони киловат-часови електрична енергија, додаваат од ЕСМ.
Со успешното и навремено реализирање на ремонтите и ревизиите на елекромашинската опрема, двете електрани се подготвени да работат под полн капацитет и да ја примат и преработат количината вода што ќе пристигне.
ХЕ „Шпилје” која на почетокот на ноември минатата година одбележа пет децении работење, е значаен извор на електрична енергија со испорачани 13.603 гигават-часови електрична енергија.