На 11.01.2020 околу 04.15 часот на Граничен премин – Меѓународен аеродром Скопје, А.В.Д. (55) од САД, кој бил во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на вработен во службата за безбедност, а потоа нападнал и полициски службеници. А.В.Д. е приведен во Полициска станица за ГП – Меѓународен аеродром Скопје за понатомошна постапка.