Најмалку 18 цивили погинаа во денешните напади на сириските власти од воздух во провинцијата Идлиб, во пресрет на почетокот на прекинот на огнот, соопшти опозицискиот Центар за мониторинг на човековите права.
Бомбадирани биле три подрачја во Идлиб, наведе Центарот и додаде дека руските сили, сојузници на властите во Дамаск, најавија примирје од недела на полноќ.
Идлиб во голем дел е под контртола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам и на други бунтовнички групи. Властите кои контролираат околу 70 отсто од сириската територија, во неколку наврати соопштија дека се одлучни да ја поврарат контролата и врз Идлиб.