Пожарите во Австралија не губат на сила, уште една тешка ноќ за пожарникарите

Ситуацијата со пожарите во Австралија не се менува ни денеска, а на југоистокот од континентот два шумски пожара се споија и формираа еден уште поголем, во кој  еден човек се здобил со сериозни изгореници бранејќи го својот дом, соопштија австралиските власти.

Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот што бил разнесуван од силните ветрови, додека громовите во Нов Јужен Велс и Викторија предизвикале нови пожари.

Власта ја проценува штетата од новите пожари во овие две најодалечени австралиски држави, по ноќешните борби со пожарите заради влошените временски услови.

Во Австралија денеска има малку подобрени временски услови, а релативно убаво време се прогнозира и за цела следна недела.

Треба да знаете
Последни објави