Рускиот претседател Владимир Путин, по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Москва, на заедничката прес конференција кажа дека е време за оддржување мировни преговори за Либија во Берлин, бидејќи, како што кажа, многу е важно да заврши судирот во оваа земја.
Путин кажа дека во Либија е поткопана регионалната стабилност, а таа потоа има негативен ефект и врз Европа.
Рускиот претседател ја поддржа иницијативата на Меркел Меѓународната конференција за Либија да се одржи во Берлин, пренесе Тасс.
Меркел, од своја страна, кажа дека Германија наскоро планира да испрати покани за мировните преговори во Либија.
Таа додаде дека верува дека Турција и Русија можат да успеат во иницијативата за прекин на огнот во оваа земја.
Кога станува збор за Иран, таа оцени дека прифаќањето на одговорноста за уривањето на авионот е првиот чекор во решавање на последниот конфликт на ова подрачје.
Двајцата лидери, исто така, го поддржаа натамошното почитување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година.