Реал Мадрид има договор со еден од најголемите бразилски таленти

Играчот од средниот ред на Фламенго, Рајнер се приближува кон трансфер во Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб веќе преговарал за личните услови на 17-годишниот Бразилец, како и за износот на трансферот. Фудбалерот успешно ги поминал и лекарските прегледи, пренесува „О Глобо”.

Рајнер, кој е познат како новиот Кака и важи за еден од најголемите бразилски таленти во моментот, се очекува да остане во Фламенго до летото, а потоа да се пресели во Шпанија.

Играчот од средниот ред има одиграно 15 натпревари за својот клуб, постигнувајќи шест гола и две асистенции досега оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави