Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од изданието на неговиот тим на денешниот дуел со Норвич.
Јунајтед победи со убедливи 4:0.
– Јас сум многу задоволен. Го започнавме натпреварот како што треба. Ова е тоа што го очекувам од мојот тим. Во секој натпревар, мора да користите притисок и доминација. Второто полувреме од овој аспект беше многу добро, изјави Норвежанецот.
Рашфорд направи фантастична работа. Се бореше многу, играше добро и остана смирен. Сите покажавме дека можеме да отскокнеме и направивме неколку чекори напред, додаде Солскјер.
Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 5. место со 34 бода.