На 10.01.2020 околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Брсјачка Буна”бб, во куќа сопственост на Р.А. (29) избувнал пожар во кој целосно изгорела неговата куќа, а биле зафатени три соседни куќи. Со возило на Итна медицинска помош кон медицинските центри за укажување лекарска помош биле транспортирани пет лица. Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Во опожарената куќа биле пронајдени изгорени две тела- деца на сопственикот на куќата Р.А.