Зеленски: Украина очекува темелна истрага и отштета од Иран

Украина очекува темелна истрага и признавање вина, како и отштета од Иран за соборувањето на украинскиот патнички авион, порача претседателот на државата, Володомир Зеленски.

„Иран се изјасни виновен за соборувањето на авионот, но ние инсистираме на целосно признавање на вината“, навел Зеленски во соопштение.

Зеленски навел дека Украина очеува од Иран да се обврзе дека е спремен да спроведе темелна и отворена истрага и да ги доведе одговорните пред лицето на правдата, да ги врати телата на загинатите, да исплати отштета и официјално да се извини преку дипломатските канали.

Иранската војска испрати извинување наведувајќи дека ќе ги усоврши своите системи за да не се повторат вакви трагедии.

Треба да знаете
Последни објави